Завршни зборови на Спиро Ристовски: Нема докази дека сум организирал насилство на 27-ми април

0
19

Во завршните зборови за случајот организатори на 27-ми април, обвинетиот Спиро Ристоски истакна дека ја демонтирале невистината на обвинителството и од почетокот тој ја говорел вистината. Ристоски посочи дека 2 ипол години бил во притвор за дејствија кои во завршните зборови обвинителството со измената на обвинителниот акт потврдило дека тој не ги сторил. Дополнително биле отфрлени сите дејствија кои му се ставале на товар бидејќи обвинителството немало докази, единствено обвинителниот акт го темелеле на исказ кој бил неколу пати променет од сведокот Александар Василевски Нинџа кој беше клучен за да се покрене ова обвинение.

„Нема веќе организирање на комитети. Исчезнаа тврдењата дека јас сум праќал пораки – лицата за интервентни ситуации бидете на готовс. Исчезна и тоа дека на 27ми април на осмиот кат сум го организирал членството да тргне кон Скопје, при што и сум го организирал нивниот превоз.

НИШТО од тоа веќе нема почитувани судии. Ама сега сум се грижел за тоа во кој град во колку часот да започне протестот…“, коментираше Ристовски.

За разлика од обвинителството, Ристоски посочи дека тој за време на целиот процес бил конзистентен во излагањата иако прв пат бил повикан во обвинителството за исказ по 4 месеци притвор, а увид во доказниот материјал како што посочи, првпат му овозможил судечкиот совет.

Пред Спиро Ристоски завршни зборови даде и неговиот адвокат кој главно се осврна на доказите и сведочењата на Александар Василевски Нинџа. Во продолжение свои завршни зборови треба да дадат и Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски. На претходното рочиште зборуваше обвинетиот Трајко Велјановски кој истакна дека на 27 април 2017 година бил посветен на завршување на конститутивната седница