Заев: ЕУ нека ни јави кога ќе го продолжиме процесот, ние ги поддржуваме бугарските здруженија, но колку пати бугарските политичари поддржале настан на помалку бројни заедници во Бугарија?

0
23

Дај да видам колку пати нивните политичари од Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалку бројни заедници во Бугарија, вели Заев по вчерашната изјава на бугарскиот претседател дека Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест.

Тој истакна дека во однос на исполнување на критериумите, Европската Унија е таа која оценува.

„Јас реков, тоа е работа на ЕУ – кога ќе одлучат да го продолжиме процесот, нека ни се јават. Ние, во меѓувреме, продолжуваме со европеизацијата овде, имаме сериозни процеси за спроведување на агендата ‘Европа дома’, што значи унифицирање на царинскиот тарифник, тоа е дел од поглавјата што ние веќе го правиме. Во делот на унапредување на сите други аспекти од општествениот живот, исто така, секојдневно работиме, затоа што нашиот пат кон Европската Унија, всушност, значи европеизација овде“, рече Заев.