Здравствени работници – Очекувано беше да се појават новите соеви во тетовско 

0
19

Очекувани беа новите соеви да се појават во тетовско ако знаеме дека се работи за печалбарски град особено летен период кога има влез и излез на наши и странски државјавни, велат здравствените работници.

-Нашата фела ги очекуваше новите соеви во нашиот регион. Останува на населението да ги почитува и натаму мерките, затоа што се е поизвесно да има нов бран во време кога луѓето се олабавија, а тоа нема да донесе добри вести. Затоа и понатаму треба да бидеме претпазливи, вели Д-р Светлана Трифуноска координатор на матичните лекари.

Имунизацијата е најдобриот лек и превентива.

-Добра вест е што имаме доволно број вакцини за имунизација, која треба да ја спроведеме без разлика на идната статистика и видот, како и доминатноста на сојот кој ќе се рашири, додава д-р Трифуновска