Кај православните гробишта во Тетово повторно создадена дива депонија

0
19

Неколку десетици метри должина денеска претпладне достигна дивата депонија создадена од фрлениот отпад пред православните гробишта во Тетово.  На ова место иако нема контејнер и покрај знакот за забрането фрлање на отпадоци постојано се фрла смет, а голем дел од тоа се и делови од мебел и сличен кабаст отпад.  Фрлени се и коски од животни, па на локацијата се шири и непријатна миризба.

-СЛИКАТА ОД ОВА МЕСТО СЕ ПОВТОРУВА И ДУРИ И ПРЕДИЗБОРНИТЕ МЕСЕЦИ НЕ СЕ ДОВОЛЕН МОТИВ, ЗА ЖАЛ, ДА ОВАА ДЕПОНИЈА НА ВРЕМЕ СЕ СЕРВИСИРА. КРАЈНО ВРЕМЕ Е ТОЈ ШТО ВО СЛЕДНИОТ МАНДАТ ЌЕ УПРАВУВА СО ОПШТИНАТА ДЕФИНИТИВНО ДА НАЈДЕ МЕСТО КАДЕ ЌЕ СЕ ОДЛОЖУВА КАБАСТ ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВАТА И ПОСЕБНО ЗА ГРАДЕЖЕН ШУТ, ВЕЛИ ВАЛЕНТИН ТАСЕСКИ ЖИТЕЛ НА ОВАА НАСЕЛБА.

Денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово“ немаа одговор на прашањето  дали деновиве ќе се пристапи кон подигање на отпадот од оваа локација.

Во мај, раководството на Јавното комунално претријатие „Тетово“ најави дека постои размислување да се прифатат дел од постапките за справување со отпадот во другите градови како што се поставувањето на подземни контејнери во насока да се избегнат вакви состојби.

Во неколку наврати од ЈКП „Тетово“ посочуват дека при ваква состојба  ангажираат багер за да се собере сметот и отпадот што е фрлен на земја.

МИА