Кривична пријава за дебранец, нападнал вработен во „Национални шуми“

0
16

Педесет и двегодишен дебранец заработи кривична пријава поради вербална расправија и физички напад врз вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“.

-Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична против И.Ц. (52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додаде дека И.Ц. на 25 минатиот месец околу 10:30 часот, во близина на дебарското село Гари, прво вербално, а потоа и физички го нападнал Ш.С. од дебарското село Могорче.

Нападнатиот Ш.С. како вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“, во тој реон извршувал работни задачи.