Летово секој викенд ќе работи шестоседот на Попова Шапка

0
19

Директорот на ЕЛЕМ Турс Адем Авзиу објави дека шестоседот на Попова Шапка ќе работи секој викенд од 17 месецов, а на самите корпи има поставено држачи за велосипеди,

-Со донесувањето на одлуката за пуштање во употреба на шестоседот (Лајтнер) во текот на летната сезона, кој од 17.07.2021 година ќе биде ставен во функција СЕКОЈ викенд, инсталирани се и држачи за велосипеди, со цел посетителите на Шара, како и оние на туристичкиот центар Попова Шапка да можат да го искористат ова идеално летно место за пешачење, велосипедизам и панорамски прошетки, објави директорот Авзиу на својот Фејсбук профил

Тој истакна дека се започнати активности за одржување и чистење на зелените површини на туристичкиот центар, како и уредување и чистење на одводните канали.