Луѓето често наседнуваат на лажните вести, не знаат да ги препознаат пораките како и вистинската вредност на информацијата

0
15
Технолошкиот развој, големиот број можности за комуниција и информирање си носат последици во медиумскиот простор дезинформации како и спинови. Потребна е поголема едукација на населението за за можат да ја препознаат вистинската вест, беше посочено на дебатата Зошто е важна медиумската писменост, која се одржа на Попова Шапка
 
На дезинформацииите пак се подложни сите генерации.Потребни се големи промени, медиумите станаа важен фактор, дел од нашето секојдневие, а описменувањето треба да започне кај најмладите во училиште, оти и тие се на голем удар на  манипулациите, истакна комуникологот Јасмина Миронски

Фотографија прикажана погоре беше објавена на повеќе социјални медиуми. Таа е лажна, случката е во некој руски град, а се прикажува дека е во Тетово.

-Сликите и видеата се добра замка и за медиумите и за гледачите, затоа што тие не знаат да ги препознаат вистинските фотографии  и видеа, рече Зоран Андонов носител на проектот Зошто е важна медиумската писменост.

Проектот зошто е важна медиумската писменост ќе трае една година, каде преку дебати, обуки и емисии, публиката од полошко ќе се информира со начините на препознавање на вистинската вест и нејзината вредност.  

МТВ