Македонија е најнесреќно место за живот во Европа

0
26

Македонија e едно од понесреќните места за живот и таа се најде на 75.место од вкупно рангираните 95 земји. Ова го покажува најновиот Светски извештај за среќата направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“.
Првите три се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51 во распон од нула до десет. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија, Норвешка.

Во регионот, најдобро се рангирани Хрватска – на 23.место со оценка 6,51 и Словенија- на 26.место со 6,46. Зад нив се Косово на 31.место, Србија на 42.место, БиХ на 58.место, Албанија е на 63.позиција, а Македонија е најдолу од сите на 75.место.

Од земјите надвор од европскиот континент, само Нов Зеланд котира меѓу првите десет, додека Канaда е падната на 15.позиција. САД од 19 се искачиле на 14.место.

Во Азија најдобро котира Тајван на 19.место, а во Африка најдобро место за живот е Нигерија рангирана на 59.позиција.