Македонија и Албанија потпишаа договори за грижа на охридскиот регион

0
17

Вината за состојбата во која се наоѓа Охридскиот регион и се поголемата веројатност, дека ќе се најде на листата на подрачја во опасност под заштита на УНЕСКО, треба да се бара и во локалните но и во централните институции, смета министерката за култура, Ирена Стефоска..

Вината за состојбата во која се наоѓа Охридскиот регион и се поголемата веројатност, дека ќе се најде на листата на подрачја во опасност под заштита на УНЕСКО, треба да се бара и во локалните но и во централните институции, смета министерката за култура, Ирена Стефоска

Потребна е поголема координација и потребни се многу ресурси, особено во финансиска смисла“, вели Стефоска.

„За одржување на богатствата на регионот и во земјата ние треба да бидеме доста ангажирани и јас со многу задоволство го потпишав денешниот договор“, рече Елва Маргарити- министерка за култура на Албанија.

Во однос на отстранувањето на бесправно изградените објекти, кои во Струга се сведоа само на неколку платформи, за разлика од Охрид, каде поголемиот дел од крајбрежјето е исчистено од нелегални градби, а плажите работат без прекин, Стефоска вели дека нема двојни аршини по однос на ова прашање и оти не смее да има разлика во заштита на регионот.

„Тоа не значи дека во Струга, не треба и не може да е подоборо. Но, ве молам одете прашајте го градоначалникот зошто. Не затоа што некој од централната власт бега од одговорност. Туку затоа што се одделени локалната и централната власт. Секој нека си ја понесе својата одговорност од должноста што ја имаме. Министерката за култура не е истражен орган. Не сум задоволна и не сме задоволни. И од локалната власт и како претставничка на централната власт од работата на институциите“, рече Ирена Стефоска-министерска за култура на Македонија.

„Тоа не е крај на светот. Тоа е нешто кое ќе ни укаже дека понатаму мора поинтензивно да работиме“, изјави Зоран Павлов-член на националната комисија на УНЕСКО.

Една од препораките на УНЕСКО, беше затворање на дивите депонии во Струга и Охрид. Министерот, Нуредини ја коментираше изјавата на градоначалникот Мерко, дека на дивата депонија кај Струга може да се оди на пикник.

„Ние сме во контакт нон стоп со локалните власти. Јас не сум бил на пикник во депонија. Тоа е прашање за градоначалникот на Струга, не за мене“, рече Насер Нуредини-министер за животна средина.

Македонија и Албанија денес во Охрид потпишаа заедничка изјава со која се обврзуваат заеднички и посветено да работат на разрешување на сите наследени и тековни предизвици и оти остануваат фокусирани на спроведување на прецизни и соодветни активности.