МЗ: Утре почнува тeренска вакцинација

0
24

Крај на пандемијата не се вакцините туку самиот процес на вакцинација, затоа Министерството за здравство почнувајќи од утре вакцината за Ковид 19 ја направи достапна за секој граѓанин, без разлика во кое место од државата живее.

Процесот за теренска вакцинација е организиран, здавствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локани медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот , во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација.

Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација. Министерството за здравство ги повикува граѓаните да се вакцинираат, сите вакцини кои ги имаме кај нас се безбедни и ефикасни. Сите вакцини спречуваат тешки симптоми или смрт од корона вирусот