Име Вести Македонија Милошоски: Собранието да се обедини околу заедничка резолуција за националните прашања

Милошоски: Собранието да се обедини околу заедничка резолуција за националните прашања

0
15

 

Од владеачката СДСМ денеска повторно ја одбија нацрт – документот, потенцирајќи дека Македонскиот јазик и идентитет се меѓународно признаени и потврдени и оти не постои потреба од било каква расправа за овие прашања во Собранието.

-Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието. Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа. Стои во соопштението на СДСМ.

Според најавите, вечерва Резолуцијата ќе се разгледува и од највисоките тела на Алијанса и Алтернатива по што пратеничката група својот став ќе го произнесе во македонското Собрание. Согласно најавите од ВМРО-ДПМНЕ истата се очекува да се најде пред пратениците во текот на следните денови.