„Млади и луди“ – нов сингл на Мартин Рангелов од хип-хоп групата „PIXELI“

0
57

Во недела на четврти јули во 18:00 часот излегува нова хип-хоп нумера на артисот Мартин Рангелов од Тетово. Песната ќе биде достапна за слушање на платформата YouTube, на нивниот канал.

Текстот го напишал самиот изведувач, а идејата му дошла сосем спонтано.

-Буквално седевме на кафе и на Мики му дојде целата идеја за да снимиме ваква песна. Мики е оној кој е микс мастер на оваа песна, така што ја снимавме кај него во студио, сподели Рангелов.

-Инспирацијата за тексот ја извлеков од своето друштво и луѓето околу мене со кои секојдневно се опкружувам, поради тоа го доби името „Млади и луди.“

Инаку, групата е формирана во 2019 година и досега има издадено 5 песни. Вокали кои рецитираат се Димитар Трпковски, Јован Максимовски и Мартин Рангелов кои се потпишуваат и како автори на текст и инструментал, а на песната „Кој е крив?“ инструменталот го изработил раперот SAM.

Ангела Бошкоска