МНР со реакција за новиот предизборен спот на Каракачанов

0
16

Нов предизборен спот, повторно од партијата на Красимир Каракачанов ВМРО-БНД, во кој е претставен Охрид и како што се вели се брани „бугарштината“. Ова е вторпат како партијата на поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Каракачанов во изборната кампања има спотови во кои се вели дека Македонија е бугарска.

Со рекација се јавија од македонското МНР, во која се вели дека во предизборни спотови објавени во Бугарија се изразува територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон Македонија. Ги осудија ваквите спотови, кои, како што стои во реакцијата не се во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности.

ОЧЕКУВАМЕ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ДА СЕ ОГРАДАТ И ГИ ОСУДАТ ВАКВИТЕ НАСТАПИ НА ЕДНА ОД ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ УЧЕСНИЦИ ВО НАЈВИСОКИОТ ДОМ НА БУГАРИЈА, СТОИ ВО РЕАКЦИЈАТА НА МНР.

Во Бугарија в недела ќе се одржат вонредните избори, откако на претходните пред три месеци ниедна партија не обезбеди парламентарно мнозинство.