Над 2000 експонати сместени во најмалиот етно музеј во тетовско Џепчиште веќе три децении говорат за нашиот идентитет култура и постоење.

0
24

Се работи за најмал етно музеј во светот чиј сопственик успеал да смести над 2000 експонати, стари со векови и милениуми.

Симеон Златев Моне вели дека историјата на Македонецот е тука, бадијала се оспорувањата на политичарите тезите и слично, фактите токму во неговито музеј, три децении говорат нешто сосема друго

Најмалиот предмет е гумено гласачко топче, а најголемиот бакарна софра. Тука во музејот има и најстар предмет камен од вулканска лава,од кратовско,стар над 25 милиони години.

 

За најмалиот етно музеј во светот Моне конкурирал за Гинисовата книга на рекорди, но се уште чека одговор.Музејот е отворен 3 децении , а во него влегле илјадници посетители од земјава и странство.