Наместо на паркинг места тетовските возила и летово ќе се паркираат по училишните дворови

0
28

Наместо повеќе паркинг места, Општина Тетово секоја година се фали дека во текот на летниот период кога се создаваат и потреби за паркинг место повеќе поради доаѓањето на печалбарите, ќе ги отвори училишните дворови за паркирање.

Наместо работа на терен за повеќе паркинг места, Општина Тетово само ветува решавање на проблемот или пак традиционално како и секоја година најавува отворање на училишните дворови каде можат да се паркираат граѓаните

Последниве неколку недели се актуелизираше прашањето околу најавата за изградба на монтажна катна гаража позади улицата Јане Сандански и булеварот Маршал Тито.

Градоначалничката Теута Арифи, вели дека има луѓе кои се против и за изградба на катна гаража, но веќе одлуката е донесена и таа ќе се гради, но сепак како што вели ќе разговара со граѓаните кои се против реализација на овој проект и инсистираат на подземен паркинг и парк

Поради недостиг на паркинг места како и недоволна сообраќајна култура, во Тетово изречено голем број казни за непрописно паркирање. За 5 месеци вкупно 1287 мерки како и 673 писмени опомени.

Ако според неколку дадени ветувања на општината се изгради катната гаража, тоа ќе биде всушност и првиот јавен објект изграден за паркирање, иако во градот според некои полициски проценки се движат и над 60 000 возила, бројка која говори дека повеќе паркиралишта треба да бидат еден од главните приоритети на градот