Најмалку 12 мигранти загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Турција (ВИДЕО)

0
63

Автобус со мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш слетал од патот во источна Турција, при што загинале најмалку 12 лица, а 26 се повредени, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во провинцијата Ван во областа Мурадије во близина на турската граница со Иран, каде возилото се запалило откако паднало во ров, соопштија двајца локални извори.

Засега не е познат идентитетот на загинатите во несреќата, велат двата извори, додавајќи дека сопственикот на автобусот бил приведен.