Нема потреба од дополнителни мерки за Делта сојот – Филипче: Нема податоци дека овој сој е проширен кај нас

0
16

Состојбата со корона вирусот и Делта сојот е мирна и стабилна. Комисијата за заразни болести утрово не препорачала дополнителни рестриктивни  мерки а нема податоци дали делта сојот е проширен или не  во нашата земја.

Во нашава земја до сега имаше само 2 позитивни случаи со Делта сојот и тоа кај две лица кои се вратиле од Ирак. Комисијата за заразни болести рече дека внимателно ја следат состојбата.

„Се дискутираше за Делта сојот во земјава, регионот и светот. Ги следиме препораките на СЗО и ЕУ. Нема конкретни одлуки, но состојбата се следи внимателно.“, е ставот на Комисијата.

Делта сојот веќе е регистриран во неколку земји од регионот како во БиХ, Грција и Србија, во меѓувреме кај нас важи мерката 14 дневен карантин за патниците од Индија.