Не престануваат пожарите на отворено во тетовско, особено на земјоделски обработливи површини

0
13
Не престануваат пожарите на отворено во тетовско особено на земјоделски обработливи површини. Досега е оштетена голема површина и над 100 хектари.

Неодговорното однесување на луѓето е главен фактор за пожарите на отворено, согласни се од противпожарната единица Тетово и Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.

Има диви депонии, а се фрла и разни предмети и запаливи материи.

-Земјоделците во овој период од годината мора повеќе да го отворат очите и да вршат поголема контрола врз нивите, рече Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, подрачно одделение Тетово. 

Штетите се направени, но пеплосаните ниви ја оштетуваат и структурата на земјата и нејзината плодност, затоа треба поголема претпазливост,  додаваат од агенцијата.

Досега само во тетовско изгореа над 100 хектари земјоделска обработлива површина претежно засадена со пченица.