Новиот бран на КОВИД 19 во тетовско тропа на врата, се зголемува бројот на хоспитализирани како и на амбулантски прегледи

0
17

Новиот бран на КОВИД 19 во тетовско тропа на врата. Се зголемува бројот на хоспитализирани како и на амбулантски прегледи, а со тоа и на позитивни случаи на вирусот. Инфективното одделение при Клиничката болница Тетово се полни, каде моментално се лекуваат 11 пациенти.

Сите хоспитализирани на Инфективно се со тешка клиничка слика. Ги има од сите возрасти, но загрижива фактот што доминираат помлади. Пациентите дојдени се во крајна фаза од болеста, имаат изгубено доста време, затоа и сите завршија на кислородна подршка.

-Тие треба веднаш да се јават, веднаш да се започне со терапија, да не се лечат на своја рака и да не одат на приванти лекари,затоа што времето многу ни значи, рече д-р Фанка Дијуженко инфектолог во Инфективно одделение при Клиничката Болница Тетово.

Луѓето како да заборавија на пандемијата. Се олабавија премногу. Затоа и бојките се покачени, особено на амбулантски прегледи што во наредниоив период, ќе резултира со зголемен број на хоспитализирани пациенти и позитивни случаи.

-Од странство дојдоа многу луѓе, многу свадби, многу луѓето се олабавија на тие веселби, рече д-р Фанка Дијуженко инфектолог во Инфективно одделение.

Инаку во тетовско има 90 активни случаи, а бројот на амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на вирусот постојано се зголемува, што според искуството ќе резултира со што поголем број на позитивни случаи на дневна основа, што е реланост веќе неколку недели.

Пандемијата е се уште тука. Луѓето мора да внимаваат, да ги почитуваат препораките, и секој да ја прифати имунизацијата како единствен спас од вирусот, велат здравствените работници.