Новиот спортски херој на Македонија – Дејан Георгиевски!

0
47

Денес Дејан Георгиевски испиша историја во македонскиот спорт обезбедувајќи најмалку сребро за Македонија на Олимписките игри во Токио.

Георгиевски и на прес-конференција пред тргнувањето во Токио најави дека ќе оди на медал и тоа не на било каков туку на златен и еве го сега е на чекор од златото и со сребро во „џебот“, што секако е голем успех ако се знае дека тоа е прв медал за Македонија на Олимписките игри после 20 години.

Георгиевски има 22 години и е европски вицешампион во таеквондо од минатата година. Среброто го освои на Европското во Сараево. Тогаш во финалето минимално изгуби Махди Кодарбашки со 18:19.
Во 2017 година го освои првиот златен сениорски медал во олимпискиот спорт откако Македонија е независна држава. Зад себе има и сребро од Медитеранските игри, две бронзи од У21 и сребро од Клупското европско првенство.

Јасно е дека олимпиското финале во Токио е неговиот најголем предизвик.

Финалето ќе го гледаме во 14:45 часот и во него ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.