Нови 26 случаи на заразени со ковид-19

0
16

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 26 случаи на заразени со ковид-19 од вкупно направени 2.866 тестирања. Регистрирани сe и осум оздравени пациенти, а нема починати, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на ковид-19 од Скопје се 13, од Тетово 5, од Гостивар 3, Кичево 2 и од Куманово, Прилеп и Штип по 1. Од осумтемина оздравени пациенти тројца се од Струмица, по двајца од Куманово и Тетово и еден.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 225.

До сега во земјава се аплицирани вкупно 700 193 дози вакцини протов ковид 19. Од нив заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 440 299 граѓани, а ревакцинирани 259 894.