Нови 47 заболени од ковид-19 за едно деноноќие, водат Скопје и Тетово

0
15

Бројката на новозаболени во последниве 24 часа е највисока во последните два месеца
Во последните 24 часа на територијата на земјава се регистрирани нови 47 случаи на ковид-19. Пациентите се откриени по 3 593 тестирања. Ако се погледне наназад, бројката од 47 новозаболени во едно деноноќие е највисока во последниве два месеца.

И денеска најголем дел од болните се од Скопје (19), но и понатаму има релативно висок број на заболени со оглед на населението во Тетово (11). Потоа, следуваат Куманово (6), Битола (3), Прилеп (2), Струмица (2), Валандово (2), Велес (1) и Гостивар (1). Регистрирани се и 14 оздравени пациенти во Скопје (7), Тетово (5), Куманово (1) и Струмица (1). Нема починати.

Вкупно со ковид-19 се дијагностицирани 156 171 лице во земјава. Од нив, 150 321 оздравеле, 5 491 починале, а активни се 359 случаи. Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (130), но близу е Тетово (100).

Дистрибуција по градови:

(вкупно случаи, активни случаи)

Скопје 68842, Активни 130
Куманово 8923, Активни 41
Прилеп 8337, Активни 9
Тетово 7402, Активни 100
Битола 6315, Активни 5
Велес 5479, Активни 5
Гостивар 5210, Активни 22
Кавадарци 5156, Активни 1
Охрид 5025, Активни 6
Штип 4964, Активни 3
Струмица 4132, Активни 6
Струга 2986, Активни 5
Кочани 2796, Активни 4
Кичево 2609, Активни 10
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1526, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 949, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 670, Активни 3
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0