Охриѓанец физички ја нападнал сопругата, пронајдена и одземена марихуана

0
18

Вчера во 21.25 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 31 годишно лице од Ресен.

При контрола во патничкото возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена е марихуана и прашкаста материја. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на свр Охрид Стефан Димоски.

Синоќа околу 01 часот по полноќ , 51- годишно лице од Охрид, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга која, се здобила со телесни повреди. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.