Петковски: Румен Радев да дојде во Македонија и да се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам

0
19

Предлагам да се распише консултативен референдум, заедно со локалните избори и на конкретно формулирано прашање „Дали Македонија треба да ги продолжи преговорите со Бугарија онака како што таа ги бара или не?, рече лидерот на НСДП и поранешен претседател на Собрание, Тито Петковски во вечерашната емисија „Само Вистина“ на телевизија Канал 5.

Според него, за да почне процес на помирување, треба да има извинување, на пример бугарската страна да дојде на спомен костурницата во Куманово да се поклони на загинатите, а Македонија во никој случај не смее да се откаже од јазичната етногенеза.

– Мислам дека Македонија и Бугарија ќе станат најблиски земји доколку во оваа ситуација, бугарскиот претседател Румен Радев дојде во Македонија и се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам во тоа време што ги нанесе Бугарија на Македонија – рече Петковски.