Повредена малолетничка пренесена во болница, невенчаниот сопруг ја нападнал со остар предмет

0
15

На 13.07.2021 од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16:30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип.

Тој со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес.