Подобрени условите во автокампот „Ливадиште“

0
15

Автокампот Ливадиште е една стратешка локација не само за Струга, туку и за регионот и потенцијал за развивање на туристичката понуда на нашата држава, посебно на Струшко-охридскиот регион. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на автокампот заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и управителот на „Елем турс“ Адем Авзиу, каде беа промовирани подобрените услови за корисниците на услугите.

– За Владата на Северна Македонија, за Министерството за економија, надлежно за областа за туризмот ваквите локации се многу важни за да бидат развиени се со цел да привлечеме повеќе туристи не само домашни, туку истовремено и странски. Креираме и дизајнираме одредени мерки, усвојуваме одредени програми, но секако дека подготвуваме и студии се со цел на одржлив начин да се развиваат тие важни локации, рече Бектеши.