Почина грчкиот преговарач во спорот за името со Македонија

0
53

Грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, кој беше главен преговарач во спорот со името со Македонија, почина на 79 години, јавуваат грчките медиуми.

Тој долги години работеше како дипломат, а служеше и на клучни позиции во Европската унија и Обединетите нации.

Од 2007 година тој ја претставуваше Грција во спорот со Македонија, чиј медијатор беше Метју Нимиц.