Започна да се уриваат објектите каде ќе се проширува булеварот Благој Тоска во Тетово

0
17

Во Тетово денеска почнаа да се уриваат објектите на местото каде треба да продолжи булеварот „Благоја Тоска“, за чија цел локалната самоуправа доби средства од Владата. Станува збор за програмата ТАВ со која 23 општини, вклучително и Тетово, добија пари за реализација на инфраструктурни проекти.

Активностите планирано е да траат еден месец, а потоа ќе започнат градежните работите за изградба на овој булевар, информираат од општина Тетово.

За овој проект Тетово доби 43 милиони денари. Планирано е да се урнат осум куќи.