Претседателот на Хаити го убиле платеници, кои толпата народ раскрвавени ги влечеше по улицита на Порт-о-Пренс

0
18

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, го убила група  командоси, од кои 26 биле Колумбијци и двајца Американци, со потекло од Хаити, потвдија властите во Порт-0-Пренс.

Во нападот сериозно е повредена и сопругата на претседателот и лекарите се борат за нејзиниот живот. На социјалните мрежи е објавено видео, во кое толпата ги носи ракрвавените и претепани воени платеници низ сиромашните квартови на Порт-о-Принс. На снимката се гледа како двајца осомничени коилумбиски платеници врзани се влечени низ улиците. Еден од нив е без кошула и облеан во крв, додека граѓаните ги следеа и им викаа. Привремениот премиер Клод Жозеф, кој треба да биде сменет неделава, вчера прогласи вонредна состојба во земјата поради атентатот и ја презеде власта во земјата. Меѓутоа, оваа одлука ја оспори човекот кого Моиз го постави за свој наследник, односно главниот функционер за коронавирусот во земјата, Ариел Анри.