Приведени 4 лица во Гостивар, пронајдена дрога

0
26

На 01.07.2021 во 23.50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на ул.„Карагач“ во Гостивар лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од с.Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок.