Пристигнува меѓународна помош во Кипар- во пожарите загинаа четири лица

0
27

Пожарникари и доброволци од локалното население на јужниот дл од планинскиот венец Тродос во Кипар се борат со огнената стихија, додека пожарите гаснат огнови низ селата и околните шуми.

Поради пожарот, кој започна во саботата попладне пред селото Аракапас, беа евакуираниација најмалку осум планински села. Досега изгореа 55 квадратни километри борова шума и овоштарници.

Претседателот Никос Анастасијадес, кој дојде во обилка на опожарените села, огнената стихија ја нарече „невидена трагедија“.

Четири мртви лица беа откриени од екипите за пребарување пред огнот да го зафатено планинско село во Кипар во вовј „најразорен“ пожар во историјата на оваа островска земја во источниот медитеран.

Властите веруваат дека телата им припаѓаат на четворица работници кои исчезнаа во саботата вечерта.

Мобилизирани се околу 70 противпожарни возила, седум булдожери и 10 цистерни за вода.

Многу доброволци исто така им помагаат на пожарникарските екипи.

Два хеликоптери од воените бази на Велика Британија на Кипар се вклучени во спасувачката мисија.

Испратени се и два израелски авиони, додека властите чекаат потврда за пристигнувањето на два италијански авиони.

Полицијата соопшти дека 67-годишен маж се соочува со обвиненија за подметнување пожар. Судот нареди тој да остане во притвор осум дена за да помогне во истрагата за причините за пожарот.

Претседателот Анастасијадес ги повика граѓаните да бидат во потрага по „оние што предизвикуваат такво уништување, независно дали од небрежност или намерно“.

ТВ ТЕЛМА