Притвор од еден месец за возачот на косовскиот автобус

0
53

Возачот на косовскиот автобус, што слета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска, при што загинаа 10 лица, доби притвор во траење од еден месец.

Истражниот судија му определи притвор, поради опасност од бегство, односно напуштање на Република Хрватска. Тој ќе биде пренесен во истражен затвор. Потврдија дека ќе биде вештачен автобусот.
„Во ниту еден момент не ми рече дека заспал“, рече адвокатот на возачот, додавајќи дека не може да каже што точно му рекол клиентот.
52-годишниот возач на косовскиот автобус, во чие превртување во неделата загинаа 10 патници, се бранеше со молчење за време на испрашувањето во Обвинителството во Славонски Брод.