Разбојништва во две банки во Тетово

0
15

Ноќеска од 03.30 часот до 03.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека во експозитура од банка во рамки на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари, а непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.