Русинки фатени како танцуваат – Полицијата упадна среде забава во Тетово

0
19

Приведени девет лица во објект во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ. Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка, стои во соопштението од полицијата.