Сади Беџети: Само јас знам што му треба на Тетово, ветувам дека ќе му го вратам достоинството

0
54

Кандидатот на ДПА за градоначалник на Тетово, Сади Беџети, соопшти дека добро го познава својот град и дека е надеж за решавање на проблемите.

„Не сум излегол против никого и немам намера да навредам некого. Се кандидирав за граѓаните на Тетово, бидејќи Тетово заслужува подобро, граѓаните на Тетово заслужуваат повеќе и тоа добро ќе триумфира над злото. Ова е голема мотивација за мене и заложба на оваа возраст да му помогнам на градот и на граѓаните “, вели Беџети.