СДСМ може да ги добие изборите, само ако ги наполни кутиите, вели Мицкоски

0
19

СДСМ може да победи на изборите само доколку дојде со наполнети кутии на гласачки места, но не и на фер и демократски избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-Човек кој што е уплашен на три-четири месеци пред избори дава предикции. Не сум убеден дека СДСМ во тие општини ќе биде победник, туку убедливо поразен. Во најголем дел од тие општини кои ги споменавте, доколку изборите бидат фер и демократски. Доколку дојдат со наполнети кутии, тоа е единствениот начин СДСМ да биде победник во тие општини, рече тој.

Мицкоски додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до македонското собрание Резолуција во која ќе се дефинирани македонските позиции во преговорите со нашиот источен сосед.

-Во самата резолуција се содржани дефинициите и јавно, повторувам и јавно декларираните ставови на МАНУ, најстариот универзитет УКИМ И МПЦ ОА-Јустинијана Прима за јазикот и идентитетот. Она што го нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа што го дефинирале највисоките научни и општествени авторитети како заеднички државен и национален интерес. На овој начин оставаме поширок простор за прифаќање на оваа Резолуција и од останатите политички партии во македонското Собрание. Очекуваме широка општествена поддршка во дефинирањето на она што е национален и државен интерес, рече Мицкоски.