Тетовското кале да стане културен центар

0
119

По повод презентирање на идејното решение на иницијативата “Кале срцето на градот” во еден објектите на тетовското кале, вчера се одржа втората средба меѓу граѓаните на Тетово и претседателот на иницијативата Дино Блажевски, кој и ја престави презентацијата пред присутните.

На презентацијата беа изнесени предлог комојутерски нацрти од замислените идеи на Блажески за внатрешниот изглед на објектите. Во тоа влегува изградба на музеј за културна намена каде едниот објект би станал галерија за изложба на уметнички дела. За другиот објект е замислена кино сала, сцена за музички настапи во еден дел и посебен простор за изведби на театарски претстави..

-Целта на ваквите средби е граѓаните да го изразат своето мислење без разлика дали тие го поддржуваат проектот или не, да се даде нов предлог за заедно да го реализираме. Ова е само првичен приказ на нештата, понатаму утре може да се дадат различни предлози кои ќе бидат разгледани а некои од нив и прифатени, сподели Блажески.

Дискусијата на вчерашниот настан ротираше околу поделеното мислење од присутните во врска со зачувување на автентичноста на камените ѕидини, кои се издигнуваат на врвот од Тетово со векови.

Моментално целата иницијатива е во своите зачетоци, но бројот на заинтересирани расте секој ден. Тетовското кале заслужува некаква промена за да добие и било каква намена.

-Мислам дека премногу време е поминато и потрошено на тетовското кале, а ништо не е сработено, реално. Не би терале никого со сила да работи и затоа оваа иницијатива е отворена и опфаќа луѓе од сите националности и вери. Поддршката доаѓа од секаде и е добредојдена, истакна Дино.

Инаку минатата средба беше одржана во четврток на 22 јули во хотелот Лирак. Следните средби се најавени за 11, 12 и 13.Како што појасни Дино оваа иницијатива е од отворен карактер и како таква може да се поддржи од секого.

Ангела Бошкоска