Се урна авион во Шведска, има загинати (ВИДЕО)

0
22

Неколку лица загинаа, а најмалку двајца се тешко повредени откако се урна авион кој пренесувал падобранци од градот Еребро од Шведска.

Во авионот имало осум падобранци и пилотот, се срушил набрзо по полетувањето во близина на градот Еребро.

Во тек е акција за спасување, а најновите информации кажуваат дека две лица се пренесени во болница.

Станува збор за мал авион кој обично превезува падобранци. После падот се запалил, но пожарот е изгасен.