Скоро сите актуелни градоначалници на СДСМ сакаат нова шанса за мандат

0
21

Речиси сите од актуелните градоначалници со амбиција и за нов мандат.

Особено оние од редовите на владејачката СДСМ….Битола, Прилеп, Куманово, скопските Бутел, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, а извесна е и кандидатурата на Петре Шилегов за втор мандат како градски татко во Скопје.

Но, желба за градоначалничката функција имаат и низа други партиски функционери. Последен во низата е претседателот на општинската организација на Центар, Горан Герасимовски кој атакува на позицијата на актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ. Сепак, од партијата велат селекцијата допрва ќе следи,а првите 20 каднидати ќе бидат објавени за една недела..

НО, сепак останува незивесно кој и дали актуелните градоначалници ќе добијат „зелено светло“ и од партијата за нов мандат И во редовите на опозициската партија неизвесност дали некои од актуелните градоначалници ќе одат на избори со поддршка од партиското раководство – како во случајот со градоначлниците на Кавадарци и Илинден, Митко Јанчев и Жика Стојановски кои во повеќе наврати се најдоа на различни страни со врвот на партијата. Од ВМРО ДПМНЕ објавата на своите фаворити ги најавува за неколку дена подоцна.

Анкетите и внатрепартиските консултации се уште траат и во Мала Речица. Но, неофицијално голема е веројатно дека и дел од актуелните градоначалници ќе трчаат за втор мандат меѓу нив Теута Арифи за Тетово, Висар Ганиу за Чаир, Рамиз Мерко за Струга и Блерим Беџети за Сарај. Иако разговорите меѓу Заев и Ахмети за меѓусебна поддршка во октовмри се уште течат за интегративците нема дилеми дека ќе го поддржат Шилегов за втор мандат.