Собранието обединето ја усвои резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

0
17

Со 95 гласови „за“ и еден „воздржан“, Собранието денеска ја усвои Резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции во разговорите со Бугарија.

Претходно, пратениците го изгласаа амандманот поднесен од мнозинството, којшто се однесуваше на примена на уставното име во Резолуцијата. Против амандманот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет.

Изразуваме задоволство што Собранието ја задржа содржината на Резолуцијата, таа остана во содржината таква каква што ја достави нашата пратеничка група. Да потсетам дека текстот на Резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи.ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека има здрав политички концепт кој овозможува истовремено градење на цврсти позиции за македонските се разбира национални и државни интереси со консензус, потврда на евроинтегративните процеси на Македонија, но и капацитет за обединување на сите чинители околу вакви, според нас суштински прашања.Благодарни сме и до политичките субјекти кои искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржаа Резолуцијата.Ние сме рационални и знаеме дека зборот на власта не трае ни пет минути, но сметаме дека ваквата Резолуција како акт на законодавниот највисок демократски дом не може и не смее да биде прекршен и ќе биде обврзен акт за оваа и секоја идна Влада, Претседател на држава и секоја институција по однос на идентитетските теми и прашања.Време е Македонија да покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси, напиша Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ