Трајков:По 100 денари плата им дадов за да не останат без здравствено , утре ќе ја земат цела

0
19

Вработените во виничкото комунално претпријатие „Солидарност„ утре ќе го земат заостанатиот дел од мајската плата, вети денес директорот на претпријатието Александар Трајков. Проблемот е решен, откако општината помогна со финансиски средства. Исплатата на симболичните 100денари беше за вработените да немаат прекин и да не останат без здравствено осигурување, посочи Трајков.

„Вработените платата ќе ја добијат утре . Проблемот е надминат. Средства за плата има и утре на сметка ќе им легнат остатокот . Ова го направивме со цел вработените да имат здравствено и придонеси„-изјави Александар Трајков, директор на КП „Солидарност„-Виница.

Проблемот настанал откако судски пресуди за побарување на к-15,опремнина за пензија, награди за вработени и слично ја испразниле касата на претпријатието. Лошата финансиска состојба актуелниот директор ја препиша на менаџерите од пред десет години.

Имавме непланирани издатоци, односно 1,300милион денари за судски пресуди кои требаше да ги исплатиме во месец мај и месец јуни , па поради тоа дојде до доцнење од десетина дена во однос на тој редовен ритам што го имавме во исплата на плат„ изјави Трајков.

Директорот вети дека 106 вработени до крајот на месецот ќе ја земат и јунската плата. Во моментот по основ на неплатени сметки фирмите и граѓаните на виничкото комунално претпријатие му должат околу 48милиони денари.

АЛФА ТВ