УЕФА се корегираше – „Северномакедонци“ заменето со Македонци до имињата на првите луѓе на ФФМ

0
22

Промената доаѓа по реакциите на Канал 5, македонската јавност и претставката од македонското МНР до Европската куќа на фудбалот.

За во иднина да не се случуваат вакви недоразбирања, кои зачестија во последниот период, поранешниот македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски за Канал 5 вели дека дипломатската мрежа треба веднаш да испраќа реакции, а во рамки на Владата да се формира тело чии претставници ќе одржуваат повремени состаноци со претставници од грчката страна, но и од Европската Унија, кои ќе ги прецизираат нејаснотиите кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

„Треба со соседната земја како соседи со добрососедска соработка да формираме едно заедничко тело кое би направило една еваулација на самиот договор за тоа каде што како мислиме и тн и треба да бидат претпоставувам преговарачите кои преговарале за таа работа и некои од посилните експерти на Правниот факултет и стручњаци кои точно ги знаат нијансите на ваквите договори кога се прават.“вели Љупчо Арсовски – Поранешен амбасадор во Р. Грција.

Од Владата велат дека се посветени на имплементација на Препсанскиот договор, а Министерството за надворешни работи е задолжено да укажува и да реагира на погрешната употреба на придавките.

„Во рамките на Владата нема посебно тело за кое прашувате. Министерството за надворешни работи редовно ја следи и укажува на примената на Преспанскиот договор, и на терминот македонски. Последен таков случај беше реакцијата до УЕФА, по која имаше и корекција од страна на УЕФА.“ велат од Владата за Канал 5.

Во насока на имплементирање на обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор сите граѓани кои од денеска ќе поднесат барање за издавање на пасош, истиот ќе го добијат со новото уставно име на државата. Меѓу првите кои денеска аплицирале е премиерот Зоран Заев, кој до службите упатил писмено барање за издавање на дипломатски пасош со „Република С. Македонија“.