Ужас: Кумановец си ја силувал својата ќерка, снимал и видеата ги објавувал на интернет

0
16

Триесет и деветгодишен кумановец си ја силувал својата ќерка, снимал со мобилен телефон и видеата ги објавувал на социјалните мрежи. Грозоморниот чин тој го повторувал неколкупати во периодот од мај до јуни годинава.

Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати, во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејство врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица“, соопшти кумановското Обвинителство.

Поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, судот му определи притвор од 30 дена.