Филипче: Да, јас ќе го вакцинирам моето дете

0
15

 

Да се разбира дека ќе ги вакцинирам моите деца. Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Има земји каде вакцинацијата на децата е задолжителна, односно нем да ги примат децата во училишта ако не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Но, јас да, ќе ги вакцинирам моите деца – изјави Филипче.

Денеска нема потврда за нови случаи со делта сојот, ниту најава за нови посебни рестрикции. Министерот најави дека комисијата ја следи состојбата и ќе се разгледа можноста за рестрикции за влез во државата.

Министерот рече дека ги чекаат официјалните публикации за каква е клиничката слика на заразените со делта сојот. Тој вели дека она што е важно граѓаните итно да се вакцинираат. Во болниците засега нема прием на болни со ковид. Од болницата 8 септември велат дека повеќе од една недела немаат прием со корона вирус.

Вчера се аплицирани 12.590 дози на вакцини. Над 640 илјади дози се дадени, а скоро 240 илјади граѓани се вакцинирани со две дози.