Филипче: Нема нови мерки, почнува теренска вакцинација и без закажување

0
16

Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки, министерот за здравство Венко Филипче денеска.

„Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, изјави Филипче.

Тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.

Филипче исто така рече дека е можно да се очекуваат нови мутации на вирусот и дека секој следен бран треба да го „дочекаме подготвени“ со масовна вакцинација.

Според податоците на Министерството за здравство досега во земјава се аплицирани вкупно 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се над 243 илјади граѓани.

Филипче додаде дека во лабораториите во земјава не е регистриран нов случај на делта сој освен постојните, но дека во лабораторијата на МАНУ има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафриканскиот сој.

Во моментов во земјава има 160 активни случаи на Ковид-19, од кои 58 се во главниот град Скопје.