Чешките планинари планинареле без водич на карпест и непристапен терен на Шара

0
16

Групата од 7 планинари кои вчера се загубија во месноста Лешница на Шар Планина биле претежно студенти, а планинареле само со мапа на терен кој е непристапен и кој не го познаваат, велат од ТППЕ Тетово. Тоа е и главната причина поради која групата се загуби, а ние во координација со другите служби за среќа успеавме да ги пронајдеме, каде кај едно лице беше констатирана тешка скршеница на рамото

-Добивме пријава дека на Шар Планина во месноста Лешница ЦУК добил информација дека се загубиле млади планинари од Чешка. Само што ја добивме пријавата со теренско возило се упативме да ги пронајдеме. Среќа е што сите институциите кои се релевантни беа присутни и координирани. Таму горе времето се стемни и ние вклучивме сирени и ротационен сигнал за да не слушнат и видат планинарите и да дадат сигнал. Еден од нив истрча пред нас да ни каже каде се ноаѓаат и лесно ги најдовме, пак ќе кажам благодарени на добрата координација на сите институции кои дојдоа тука, изјави Ука Алити командир на ТППЕ Тетово

Авантурата на планина без водич, а само со мапа како во случајот со чешките планинари е многу опасна.

-Овие планинари од Чешка имаа некои мапи и со тие мапи одеа, не мислејќи дека тоа е тежок терен за планинарење и прошетка, значи одеа на своја рака. Затоа би апелирал на секоја тура да има водич, кој ги знае местата и теренот. Треба да се земе во предвид проценка на ризик, а планинарите ја немале таа проценка и затоа ова им се случило кое не крај заврши со среќен крај, истакна Ука Алити командир на ТППЕ Тетово.

Ова не е прв пат на Шара да се загубат странски планинари кои на своја рака организираат тури без водич и без да побараат помош или консултација од локалните планинарски клубови.