Џафери: Во Европскиот парламент го користев јазикот кој најдобро го знам

0
16

Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На кој било јазик да зборував јас го претставував Собранието на Северна Македонија во најдобро можно светло – рече тој.

Според Џафери, пратениците во Европскиот парламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а „друго е на кои јазици ќе се објават официјалните документи“.

– Собранието не е на Албанците и Македонците, туку е на сите. Јас зборувам и на македонски јазик во Собранието. Уставот е флексибилен. Не го прекршив Уставот и во иднина немам предрасуди да го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата – истакна Џафери.