Се работи на санација на двоседот на Цери Пашина, другата сезона ќе биде ставен во функција

0
15

Од државната компанија преку соопштение информираа дека во текот на ова лето ќе биде завршена санацијата на двоседот на Церипашина и истиот престојната ски сезона ќе биде ставен во функција

Подолу е целото соопштение на ЕЛЕМ ТУРС

-ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и Подружница Попова Шапка, активно работат на подготовка на Ски центарот “Попова Шапка” за престојната зимска сезона. Меѓу планираните и тековните активности е и санацијата на оштетените столбови на двоседот Син Врв (Церипашина). Изминатиот период се направи анализа и се утврди состојбата на челичните столбови, се изготви проект/технологија за санација на оштетените (кородирани) челични столбови, а во овој момент на терен, во тек е санација на оштетените челични столбови на двоседот Син Врв (Церипашина), која е планирано да заврши најдоцна до 30 јули, соопштија од ЕЛЕМ ТУРС.

Изминатава ски сезона поради оштетени столбови, двоседот на Цери Пашина функционираше само неколку недели,а потоа истиот поради безбедносни причини беше надвор од функција.