Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во интервју за Tиранската АБЦ Њуз, меѓу другото зборуваше и за дијалогот Косово-Србија. Тој нагласува дека добро ги разбира косовските власти, но не може да се оди напред со вековно непријателство, пренесува „Слободен печат“.
Според лидерот на ДУИ, постојат два правци или помирување или продолжување со одмазда.
– Со Србија не велам дека е толку лесна тема, бидејќи Косово се уште ги брои исчезнатите луѓе што не можеше да ги најде. Меѓутоа, со вековно непријателство не се оди напред. Впрочем, и самата Албанија во 1913 година има илјадници луѓе убиени, северна Албанија е изгорена. Потребно ни е помирување помеѓу албанската и српската нација или одлучуваме да се одмаздиме и што ќе ни донесе одмаздата? Имаме правци, трет нема, дали ќе се согласиме или ќе ја повториме историјата уште еднаш и ќе бараме кој е посилен – нагласи Ахмети.