Бугарија ќе испрати помош по барање на претседателот Пендаровски

Претседателот Пендаровски преку неговиот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека по негово барање Бугарија ќе испрати помош за гасење на пожарите кои го зафатија кочанско

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, информираше претседателот Пендаровски.